Никол Кидман го носеше во 2015, а една кралица дури сега: И припадниците на сината крв носат парчиња од стари колекции

Една од најстилизираните дами на европските кралски дворови го повтори стилот на легендарната Никол Кидман

Популарната холивудска актерка Никол Кидман се појави на црвениот тепих во Холивуд во јануари 2015 година, на премиерата на „Падингтон“, во тогаш најновото парче од колекцијата на Нина Ричи за есен/зима 2015 година. Комплетот од твид беше апсолутен хит поради провокативниот шлиц, но и совршено скроениот горен дел.

Во истиот комплет, речиси седум години подоцна, се појави и шпанската кралица Летиција, која важи за една од најстилските жени во светот. И тоа не е се, ова не е прв пат кралицата да се појави во оваа облека. Заедно со комплетот, кралицата носеше и совршени салони од превртена кожа во темно сина боја од истиот бренд.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Fashion Police (@royalfashionpolice)


Без разлика што дефинитивно е комплет од „аутлет“, нема сомнеж дека кралицата Летиција знае дека твидот повторно е во тренд, но свесна е и дека секое парче на неа изгледа совршено.

Фото: Shutterstock, Instagram

Извор: Новости магазин