Ништо не им одговара: Овие 3 хороскопски знаци секогаш им замеруваат нешто на партнерите
Ги нервираат и најмалите ситници кај партнерот...
Лав
Можете да ги сметате за сезнајковци или оние кои секогаш великодушно се подготвени да ви дадат совет во било кое време. Сепак, на Лавовите, нивната шармантна природа им помага да се извлечат во сѐ. Тие многу брзо му наоѓаат замерки на својот партнер. Нивната природа смета дека тоа е лесен начин за себе да се стават на пиедесталот, додека ги критикуваат своите сакани.
Девица
Девиците се вешти и успеваат многу брзо и прецизно да ги препознаат недостатоците во луѓето. Луѓето родени во овој знак имаат необична способност секогаш да бидат во право, дури и кога тоа ќе стане непријатно. Значи, иако советот може да има најдобра намера, никој не треба да слуша цела недела за своите мани, особено не од некој кој го сака.
Стрелец
Стрелецот е паметен набљудувач, што му помага за совршено да проучи различни ситуации. Тие, исто така, можат да ги препознаат преправањата и лагите и често се брутално искрени за она шот го гледаат. Меѓутоа, ниту еден од овие атрибути не го привлекува партнерот, бидејќи нема ништо понепријатно од тоа постојано да ви зборуваат дека правите нешто погрешно.
фото: freepik.com