Ниту Хари, ниту Вилијам: Овој згоден актер ќе ја наследи куќата со 90 соби во која порасна принцезата Дијана (ФОТО)

фото:PROFIMEDIA

Покојната принцеза од Велс на своите синови им оставила во аманет многу пари, недвижен имот и накит, но ниту принцот Вилијам ниту принцот Хари нема да го наследат луксузниот имот на кој пораснала никогаш непрежалената Лејди Ди.

Трагично убиената принцеза Дијана е родена во Сандрингем, Норфолк, на 1 јули 1961 година, како четврто од петте деца на Џон Спенсер, виконт од Алторп. Семејството Спенсер е тесно поврзано со британското кралско семејство со генерации, а бабите на Дијана Синтија и Рут биле дворски дами на мајката на кралицата Елизабета Втора.

Кога имала седум години, нејзините родители се развеле, а Дијана прво живеела со нејзината мајка Френсис во Лондон, по што виконтот Спенсер го добил старателството над децата. Така, Лејди Ди наскоро се преселила во Алторп, имотот на Спенсерите во Нортемптоншир, каде што живеела и новата сопруга на нејзиниот татко, Рејн, грофицата од Дармут. Дијана имала лоши односи со неа и наводно еднаш ја турнала по скалите, опишувајќи го нејзиното детство во Алторп како несреќно и нестабилно. Сепак - нејзините останки денеска почиваат во паркот Алторп. 

Оваа луксузна зграда има дури 90 соби и галерија со портрети, а покрај величествената куќа има бескрајно пространство со тревници.

Како што своевремено пишуваа британските медиуми, овој имот нема да падне во рацете на синовите на Дијана, туку ќе го наследи Луис Спенсер, братучед на принцезата.


 Братот на Дијана, Чарлс, деветтиот Ерл Спенсер, има седум деца: Кити, Луис, Шарлот, Амелија, Елиза, Едмунд и Лара. Луис, најстариот син на Чарлс, бил многу млад кога умрела неговата славна тетка, а тој ќе биде сопственик на паркот Алторп.

Луис Спенсер пораснал во Кејп Таун и се вратил во Британија за да студира на престижниот Универзитет во Единбург. Медиумите го опишуваат како „многу приватен човек“, а интересно е што решил да стане актер.

View this post on Instagram

A post shared by Velvet Mag (@velvetmag.it)


Како што истакна Џонатан Шалит, од агенцијата Интерталент, кој се грижи за неговата кариера, очекува младиот Луис да доживее голем успех во Америка и дека ќе добие големи улоги само поради потеклото и презимето.

View this post on Instagram

A post shared by (@royalsaddicted)


Според медиумите, Луис моментално живее во Лондон и се обидува да стане актер. Веќе некое време се шпекулира дека најстариот Спенсер е во лоши односи со сестрите бидејќи ќе го поседува познатиот имот, но извори блиски до семејството тоа го демантираат.

Иако Луис не е во медиумите, познато е дека сака да се забавува и е опкружен со познати личности, па во една прилика се појави на фотографии од раперката Ники Минаж од ноќно излегување, а беше виден на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл. Британските таблоиди своевремено го нарекоа „Хари Лајт“, бидејќи како и неговиот братучед Хари сака забави и да биде опкружен со убави девојки, но е малку поумерен од принцот Хари.


извор:GLOSSY

Фустан со длабок отвор и кралско сина боја + нараквицата која ѝ припаѓала на Лејди Ди: Меган Маркл во смело издание