Нивниот мозок работи 200 на саат, не простуваат лаги и измами: Сите Близнаци функционираат на овие 20 принципи!

Добивај вести на Viber

Сезоната на Близнаци започна, а во продолжение ви ги пренесуваме карактеристиките на жените и мажите родени во овој знак

Сезоната на Близнаци започна на 1 мај, а првото нешто за кое зборуваме за овој знак е лицемерието, но вистина е дека тие имаат две или повеќе различни личности во себе и тоа не треба да се меша со лицемерието.

Близнаците се познати по својата комуникативност и самодоверба и по тоа што често сакаат да бидат опкружени со луѓе.

Сакаат да бидат во врска со некој кој ќе се грижи за нив, ќе ги стимулира доволно да научат нови работи и ќе им помогне да напредуваат. Не поднесуваат лаги и луѓе без здрав разум.

Комуникативни се, но не секогаш сакаат да започнуваат разговор. Ако не те сакаат како личност, тие едноставно ќе се однесуваат како да не постоите.


Ова се 20-те најважни животни принципи кои ги водат Близнаците низ животот.

1. Кога станува збор за справување со глупави луѓе, тие го користат својот сарказам со смисла за хумор како оружје.

2. Секако дека зборуваат сами со себе. Понекогаш им треба стручно мислење.

3. Нивниот мозок е премногу напреден за луѓе со ограничен светоглед.

4. Не можат да седат и да не прават ништо. Тие не сакаат досадни разговори и не сакаат да се возат во колона зад други возачи. Мразат страници на кои им треба вечност за да се отворат. Мразат да чекаат било што.

5. Сакаат да го живеат животот по свои правила и не сакаат никој да им суди.

6. Една од работите што најмногу ги нервира Близнаците е кога се сфаќа лично се‘ што ќе кажат некому.

7. Близнаците се многу чувствителни, иако другите можеби тоа нема да го забележат. Можеби затоа што плачат само пред луѓе на кои целосно им веруваат.

8. Сакаат друштво, но понекогаш имаат потреба да бидат сами.

9. Кога нешто ќе им здосади, оставаат се‘ без кавга, без објаснување, а понекогаш дури и без поздрав.

10. Очекуваат од партнерот да прави работи со нив што не им се допаѓаат, што може да им се чини чудно, па дури и непромислено.


Следна страна