Нивните насмевки покажуваат колку се фасцинирани: Дечињата од „Светот на Колорес“ на несекојдневна дружба
Животните се важен дел од животот на децата. И малите и големите животни имаат способност да сакаат, да учат и да бидат среќни и обезбедуваат посебен вид пријателство за децата и возрасните. Не е важно дали за пријател имате куче, мачка, риба, пиле, коњ, хрчак или нешто друго, тоа секако ќе има многу позитивни ефекти врз децата кои растат во таа средина.
Децата природно се фасцинирани од животните. Детето кое учи да се грижи за животно и да се однесува со него со внимание и трпение може да научи непроценлива и важна лекција за тоа како да се однесуваме со луѓето. Освен што создава убави спомени, имањето домашно милениче може да игра и неверојатна улога во емоционалниот развој и менталното здравје на децата.
Дружењето со животни за децата е неисцрпен извор на забава, преку кој тие се стекнуваат и со вредни животни искуства и знаења за светот околу нас.
Бројни истражувања покажаа дека животните имаат многу позитивно влијание врз децата - од психолошко, што се одразува со намалување на стресот и анксиозноста, до физиолошкото - зајакнување на имунитетот и намалување на ризикот од алергии.
Домашните миленици ги учат децата на одговорност и им даваат неизмерна љубов. Со домашно милениче, децата подобро ги развиваат моторните вештини, невербалната комуникација, како и чувството на доверба и припадност.
Една таква убава дружба со жолтите мали пилиња од животнската фарма Домашно пиле, имаа дечињата од приватните градинки „Светот на Колорес“ .
Нивните насмевки на фотографиите од галеријата подолу кажуваат сѐ, колку се тие фасцинирани од малите жолти суштества.
*Пр објава