Ногата на Хали Бери заслужува 56 Оскари-толку години има таа и руши сѐ пред себе
Каква жена!
Кога Хали Бери се појави на синоќешното доделување на Оскарите, сѐ запре - познатата актерка на 56 години изгледа подобро од било кога.
Прекрасната Хали носеше секси, ангелски бел фустан на Тамара Ралф со шлиц на бутовите, крој на средината и лелеаво здолниште.
Но, највпечатливиот детаљ беа блескавите рози кои нежно ги красеа вратот и колкот.
Нејзиното тело изгледаше неверојатно во овој интересен фустан - ја покажа својата совршено извајана фигура.
Интересна асиметрична фризура и нежна шминка ја направија да изгледа свежо и гламурозно.
Актерката си поигра со драматичен, лелеав топ на фустанот, а се изгледаше како од бајка - Хали покажа дека е вистинска филмска дива.
Во 2002 година, Бери го освои својот прв Оскар, со што стана првата (и досега единствена) црна актерка која некогаш освоила Оскар за најдобра женска улога, што ѝ беше „срцепарателно“.
„Мислев дека има жени кои со право, несомнено, можеле, требало да победат“. „Се надевав дека ќе се случи тоа, но немам одговор зошто е тоа така“, рече таа.
На почетокот на оваа недела, иконскиот фустан на Ели Сааб што го носеше во 2002 година официјално стана дел од историјата на Оскарите - бидејќи ќе биде изложен во Музејот за филм на Академијата во Лос Анџелес.
ФОТО:Инстаграм screenshot