Носат несреќа и тага: Цвеќиња кои не се подаруваат на жените
Се ближи Денот на жената, прочитајте кои цвеќиња се подаруваат, кои не.
Иако многумина не знаат, секој цвет што некому му го подарувате, има одредено значење и порака. Затоа, кога му давате цвеќе на некој близок, не заборавајте да обрнете внимание каква симболика има, за да таа личност не биде навредена и да не стекне погрешно мислење.
Значењето на цвеќињата може да се гледа и по бојата, затоа треба да знаете дека сината значи верност и сонување, портокалова гордост и енергија, виолетовата боја претставува нежност, додека белата е симбол на невиност. Црвената значи љубов и убавина, зелената разбирање, а жолтата љубомора.
Нарцис - овој цвет означува самољубов, но исто така е симбол за нов почеток. Но, бидете внимателни на кого му го давате овој цвет затоа што може да означува и презир.
Ирис - симбол на достоинство, инспирација, слава и храброст. Жолт ирис означува страст, додека синиот поттикнува среќа.
Зумбули - знак на верност и стабилност, ако е син, симболизира постојаност или континуитет.
Божур - симболизира чест и богатство, како и среќен брак и напредок.
Јасмин - жолтиот јасмин означува елеганција, а другите - посветеност.
Магнолија - достоинство и елеганција. Ако е бела значи невиност, ако е розова, значи срамежливост и најчесто им се поклонува на девојчињата. Но, внимавајте, ако поклонете магнолија која предвреме цвета, тоа е сигурен знак дека сте вознемирени и нетрпеливи за нешто. Според старото верување, магнолиите означуваат неверство на мажите кои ги поклонуваат.
Рози - цветот што најчесто се поклонува, во зависност од бојата, има различни значења. Црвена роза симболизира страст и љубов, иако можат да значат и благодарност и задоволство. Белите рози значат чистота, чесност и безгрешност. Жолтите рози можат да бидат симбол на радост, но и неверување и љубомора. Розите без трња може да значат љубов на прв поглед. Портокаловите рози се симбол на копнеж и маѓепсаност. Сините, заради вештачкиот начин за добивање на нивната боја, се симбол на невозможното.
Лилјан - укажува бесконечна убавина, среќа, бесмртност, чистота и спасение.
Бамбус - симбол на лојалност и цврстина на бракот.
Орхидеја - желба за успех. Исто така, симболизира љубов, убавина, романса и желба за интимност. Таа честопати се поклонува за да се посака брзо закрепнување. Исто така, претставува желба за успех во кариера.
Лале - симбол на гордост и слава. Црвените лалиња се врзани за љубовта, а жолтите се безнадежна љубов. Розевите лали значат грижа, виолетови достоинство, а белите прошка.
Мимоза - симбол на сигурност и доверба, исто така означува луксуз и моќ. Таа е исто така симбол на љубезност.
Сончоглед - овој цвет е симбол на сила, гордост, восхит и обожување. Може да значи и ароганција. Ако му ја дадете на некој близок, тоа означува подготвеност целосно да му се посветите.
Љубичица - лојалност и верност.
Хортензија - тие претставуваат срдечност и се поклонуваат кога сакате се смирите со некој. Исто така, на гробишта честопати се носат хортензии при изразување сочувство.
Гладиоли - најчесто значат јачината на карактерот. Но не треба да им ги давате на најблиските.
Цвеќиња кои не се подаруваат на жените:
Цветови кои немаат пријатно значење се бегонија - означува црни мисли, лаванда
претставува недоверба, далија што означува непостојаност. Хризантемите се
цвеќиња што се носат на гробиштата. За тажни моменти, исто така се поклонуваат
и кринови.