Носи часовник кој чини колку стан во Белград, а сандалите ѝ се врв: Стајлингот на Јелена Ѓоковиќ, за која Ана Винтур би рекла „браво“ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Скап часовник на раката, дискретно ланче околу вратот и сандали - апсолутен летен хит

Сопругата на тенисерot Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, во последните неколку години стана вистинска модна инспирација за жените ширум светот.

Иако пред извесно време нејзиниот стајлинг беше често критикуван од многумина, се чини дека Јеца сериозно работеше на тој сегмент и сега е во центарот на вниманието на модните критичари, но овојпат често имаат само пофални зборови за неа.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Овој пат таа го придружуваше Новак на патот за Црна Гора каде заедно уживаа во Портоново. Додека Новак тренираше, Јеца го следеше од трибините, а по тренингот се симна на теренот и се сликаше со сопругот и неговите колеги тенисери.

Една фотографија на социјалните мрежи објави Јанко Типсаревиќ, а благодарение на неа можевме да го видиме новиот стајлинг на убавата Јелена и - се воодушевивме.

Фото: INSTAGRAM / JANKOTIPSAREVIC

Јеца успеала да постигне вистински летен изглед со шарен цветен фустан, со отворен грб, кој одлично го искомбинирала со сандали на Диор, кои според српски „Блиц“ чинат 1.200 евра. Тие се многу едноставни, удобни и се незаменлив дел од секој летен аутфит.

На нејзината рака блескаше скап часовник, а околу вратот имаше прекрасно, многу едноставно, но ефективно ланче со натпис „Amour“. На целата комбинација шмек на елеганција ѝ даде сламениот шешир во беж боја, кој освен што штити од сонце, направи Јелена да изгледа како светска ѕвезда.

Напредокот на Јелена во облекувањето е видлив во последните неколку години, па не е чудно што уредничката на познатиот моден магазин, Ана Винтур, е воодушевена од некои стајлинзи на Јелена.

Извор: glossy.espreso.co.rs