Новата фризура на Цеца е апсолутен хит: Со оваа должина и боја секоја жена изгледа 10 години помладо
Со вака
стилизирана коса нема грешка
Пејачката е позната по честите промени кога се фризурите во прашање, па можевме да ја видиме како русокоса, црна, бринета, со шишки, со долга и кратка коса, но овој пат бевме воодушевени од нејзината промена.
Цеца со промената се пофали на социјалната мрежа Инстаграм, а комплиментите без сомнение нема да изостанат.
Овој пат пејачката направи полн хит и со вака стилизирана коса изгледа барем 10 години помладо. Доколку размислувате да ја смените фризурата, ова е вистинскиот избор.
Изгледа младешки, а одлично одговара на секој облик на лице. Можете да ја виткате косата на овој начин со стајлер или да направите трајна за потраен резултат.
А фризерите велат дека на совршено правата и испеглана коса и помина модата, годинава акцентот е ставен на волуменот.
Фото: Инстаграм - Цеца Ражнатовиќ
Фото насловна: Youtube -screenshoot - 24 sedam TV/Инстаграм - Цеца Ражнатовиќ
Цеца и Аца Лукас запеаја во дует, па направија хаос: Пејачот го ожени синот Лазар! (ВИДЕО)