Цеца и Аца Лукас запеаја во дует, па направија хаос: Пејачот го ожени синот Лазар! (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пејачот Аца Лукас вчера го ожени синот Лазар, а меѓу гостите имаше и бројни колеги од естрадата.

Иако се шпекулираше дали на прославата ќе се појави и Цеца Ражнатовиќ, со оглед на тоа што го снимаше шоуто на Ѕвездите на Гранд, сепак пејачката дојде.


И, како и секогаш кога се во прашање славењата на пријателите, Цеца се фати за микрофонот и испеа неколку песни. А, заедно со Аца ги отпеа дуетите „U snu ljubim medna usta“ i „Ko na grani jabuka“.






Со оглед на тоа што Цеца ја изведува песната „Ko na grani jabuka“ со Жељко Шашиќ, со кој Лукас не е во добри односи, на многумина им беше чудно што Аца ја отпеа споменатата песна. Сепак, оние кои го познаваат Аца знаат дека тој воопшто не е суетeн, и дека нема проблем да пее нечии песни.


Фото: Инстаграм