Нови жители во скопската Зоолошка

Добивај вести на Viber

Во скопската Зоолошка градина наскоро ќе пристигнат нови жители. Морскиот лав Кан ќе добие друштво, морска лавица која ќе пристигне од Нинберг.

Морскиот лав Кан со негувателката Маја 

Освен за морската лавица, во Зоолошка се прават подготовки и за новиот дом на шимпанзото Коко. Шимпанзото во Скопје треба да пристигне заедно со уште три други шимпанза со кои заедно живеел во Холандија. 

„Сакаме оваа година да влеземе во ЕАЗА ( Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Мај и јуни ќе бидат месеците во кои зоолошката ќе ги добие животните кои и недостасуваат. Зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралено започнавме и со изградбата на објектот за фламинга и пингивини и со реновирање на други живеалишта како базенот на Кан. Ветивме европска зоолошка градина, тоа и ќе го направиме“- изјави директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски. 

Од Зоололошка најавија дека на почетокот од летово очекуваат уште неколку нови жители: нови птици, антилопи, зебри, лавови. Во објектот започна и изградбата на живеалишта за фламинга и пингвини.