Новите фотки од сетот ги потврдија шпекулациите: Кери Бредшо во продолжението на „Сексот и градот“ ја обновува љубовта со Ејдан
Многумина ќе ги израдува оваа вест...
Веќе е познато дека обожавателите во новата сезона од серијата „And Just Like That“, продолжението на „Сексот и градот“, ќе го гледаат Ејдан, големата љубов на Кери и на многумина омилениот лик. На претходно објавените фотографии од сетот Кери (Сара Џесика Паркер) и Ејдан (Џон Корбет) се држеа за раце додеа се шетаа, поради што многумина помислија дека ја обновиле романсата.
Серијата моментално се снима во Гринвич Вилиџ во Њујорк и конечно е потврдено - во новите епизоди од серијата ќе ги гледаме Ејдан и Кери како двојка. Објавени се и фотографии на кои се бакнуваат и прегрнуваат пред станот во кој Кери живееше во серијата „Сексот и градот“.
Фотографијата од сетот ја објави и самата актерка на својот Инстаграм профил.
Новите епизоди ќе пристигнат ова лето. Обожавателите на „Сексот и градот“ се сеќаваат на комплицираната љубовна приказна на Ејдан Шо и Кери Бредшо, кои во оригиналната серија беа во страствена врска која два пати ја прекинуваа.
Во третата сезона од серијата „Сексот и градот“, откако раскина со Ѕверката, Кери го запозна Ејдан, млад згоден дизајнер на мебел и падна на неговиот шарм. Тој тогаш заклучи дека Кери е жена за него, бидејќи му се допадна на неговото куче Пит, кое „одлично ги проценува луѓето“. На Ејдан му пречеше тоа што Кери е зависна од цигари, а односот им го поремети и Ѕверката, на кој Кери му беше поинтересна од порано.
По разделбата, Ејдан и Кери се смирија и тој почна да го преуредува станот за да можат да живеат заедно во него. Ја запроси, но таа не се согласи. Во четвртата сезона од серијата финално раскинаа. Меѓутоа, Ејдан се појави и во филмот „Сексот и градот 2“, каде беше оженет со дизајнерка за мебел.
фото: Принтскрин / Инстаграм