Новите фотографии од Алек Болдвин со семејството го кршат срцето: По трагичната несреќа на неговото лице јасно се гледаат очај и тага

Холивудскиот актер Алек Болдвин неодамна беше фотографиран со семејството во тивко, мало гратче на североисточниот брег, а се верува дека таму се повлекол за да се опорави од неодамнешната трагедија и да избега од медиумската помпа и внимание.

Да потсетиме, на 22 октомври Болдвин случајно ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и го рани режисерот Џоел Соуза (48) за време на снимањето на „Раст“. Кобната несреќа на сетот се уште е под истрага и може да доведе до кривична пријава.

Додека Болдвин со сопругата Хилари и децата се повлекоа далеку од очите на јавноста, истражителите од Санта Фе во Ново Мексико, каде што се случи трагедијата, продолжуваат да ги испитуваат сведоците. 

63-годишниот актер на сликите е видно нерасположен, во црно од глава до пети, со обрасната брада и неисчешлана коса. Лицето на Алек Болдвин покажува тага и отсутност, а тој беше фотографиран додека земаше храна.

Инаку, Болдвин активно соработува со полицијата во истрагата за пукањето, а бил во контакт и со семејството на Халина Хачинс. Тој дури ги запозна и нејзиниот сопруг Мет и синот Андрос, а извори велат дека средбата била „срцепарателна“.

Во четвртокот наутро, шерифот на округот Санта Фе Адам Мендоза во емисијата „Добро утро Америка“ изјави дека сè уште не е можно да се утврди кој ја донел муницијата на сетот на вестерн-филмот „Рѓа“.

„Клучните прашања на кои се фокусираме се како вистинската муниција завршила на сетот, кој ја донел и зошто е донесена. Имаме неколку изјави за почеток. На сетот имаше вкупно околу 100 луѓе. Интервјуата продолжуваат. “, рече тој. Њујорк Тајмс неодамна објави дека она што ѝ претходело на трагедијата е Болдвин како вежбал сцена во која пиштол е вперен во камера. Пиштолот, и покрај тоа што филмската екипа му кажала дека е безбеден, одеднаш пукал и го рани Соуза, а ја усмрти Халина. „Звукот звучеше како камшик, а потоа силен истрел“, изјави Соуза на полицијата.

Тој така одговори на прашањето што сите го поставуваат, а кое гласи - зошто пиштолот бил вперен кон директорот на фотографија. Сепак, сè уште останува нејасно зошто пиштолот содржел вистинска муниција. Соуза вели дека бил убеден во безбедноста на оружјето бидејќи така му било кажано, но и затоа што целото оружје на сетот било прегледано, тоа го направила одговорната за оружје, Хана Гутиерез-Рид. Покрај неа, оружјето го прегледал и помошникот режисер Дејв Холс, кој дури по прегледот треба да им го предаде оружјето на актерите.

извор:zena.blic.rs

Моментот пред смртта на снимателката која Алек Болдвин ја уби случајно: Последната фотографија од сетот