Први фотографии од сопругот и синот на жената која загина трагично на сет: Пристигнаа на местото на трагедијата два дена по несреќата

Два дена по страшната несреќа, за прв пат сопругот и синот на директорката на фотографија се фотографирани како пристигнуваат во Мексико.

Постојано излегуваат на виделина нови детали за трагедијата што се случи за време на снимањето на „Руст“ („'Рѓа“), кога актерот и режисер Алек Болдвин, несакајќи, ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс со „реквизитен пиштол“.

Два дена по страшната несреќа, за прв пат сопругот и синот на директорката на фотографија беа фотографирани при пристигнувањето во Ново Мексико, каде Хачинсон го загуби животот. Видно скршени, Метју Хачинс и неговиот деветгодишен син Андрос пристигнале веднаш по веста за смртта на Халина, каде присуствувале на приватната комеморација одржана во нејзина чест.


фото:Dsanchez/CPR/MWPS / BACKGRID / B

На комеморацијата присуствуваше и познатиот актер кој ненамерно ја уби Халина, а токму таму Болдвин и Метју се видоа за прв пат по трагедијата, пишува Дејли мејл. Метју изјавил дека е во редовен контакт со Болдвин и истакнал дека актерот безрезервно му дава поддршка на семејството.

На социјалните мрежи се огласи и сопругот на Халина.

- Халина не инспирираше сите со својата страст и визија, а нејзиното наследство е премногу вредно за да се вклопи во само неколку зборови. Нашата загуба е огромна, затоа ги молам медиумите да ја почитуваат нашата приватност додека тагуваме. Им благодариме на сите што споделуваат нејзини фотографии и приказни од нејзиниот живот – напиша тој на Твитер.

Полицијата се уште го истражува местото на несреќата, а протекоа многу детали поврзани со несреќата.

Да потсетиме, Болдвин по трагедијата на снимањето за прв пат се огласи на Твитер, велејќи дека соработува со полициската истрага и дека срцето му е скршено поради немилиот настан.

- Нема зборови со кои би можел да ја пренесам мојата тага и шок поради трагичната несреќа што го одзеде животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и наша колешка на која длабоко ѝ се восхитуваме - напиша Болдвин.

- Целосно соработувам со полициската истрага за да дознаеме како се случи оваа трагедија и контактирам со нејзиниот сопруг, давајќи му поддршка на него и на неговото семејство. Срцето ми е скршено поради нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја познаваа и сакаа Халина – заклучи Болдвин.

извор:Telegraf.rs