Новогодишни нокти: 25+ идеи за празничен маникир во кој не можеме да престанеме да гледаме (ГАЛЕРИЈА)
Маникирот секогаш го прилагодуваме на нашиот стил, пригоди, сезони... па нема причина да не го приспособиме за празниците.
Додека љубителите на класиката, во декември не се одвојуваат од омилениот црвен лак, смелите дами избираат маникири кои не се само боја, туку се надополнети со декорации и создаваат божиќна приказна.
Нокти украсени со снегулки, шишарки, светки... Покрај црвената, се користат и зелени, сини, бели, златни и сребрени бои на лакови за нокти. Секако, некои поедноставни маникири можат да се направат и дома, а за оние покомплицираните се бара помош од стручни лица.
Во секој случај, ноктите се тие кои можат да ја кажат најубавата божиќна приказна, а доколку размислувате за разиграна и елегантен празничен маникир, погледнете ја нашата галерија каде ве очекуваат 25+ предлози:
фотографии:instagram