Новото бомбастично интервју на Меган Маркл ја шокираше јавноста: Потребен е многу труд за да се прости, вели војвотката од Сасекс
Таа во интервјуто зборуваше и за збогувањето со сопственото семејство, а потоа и со кралското семејство, велејќи дека е многу важно да се продолжи понатаму
Војвотката од Сасекс Меган Маркл во интервју за магазинот „The Cut“ отворено проговори за сите аспекти од нејзиниот живот, а меѓу другото спомена дека таа и Хари едвај чекале да ја напуштат Велика Британија и дека се среќни поради тоа.
Ова интервју излезе непосредно пред заминувањето на Хари и Меган во Велика Британија и само неколку дена откако нејзиниот подкаст беше објавен на Spotify. Меган отворено зборуваше за својот живот во Калифорнија откако се повлече од кралските должности, нагласувајќи дека таа и Хари се среќни што ја напуштиле палатата.
И напомена дека таа и принцот Хари сакале да заминат во странство и да работат во име на кралското семејство, но сепак сакале да заработат свои пари.
„Со самиот факт што постоевме, ја нарушивме динамиката на хиерархијата, затоа рековме во ред, добро, да си одиме одовде. Ни беше мило“, вели таа.
„Тоа беше нешто што не ни беше дозволено да го правиме, иако неколку други членови на семејството го правеа истото“, рече таа.
Меган во интервјуто зборуваше и за збогувањето со сопственото, а потоа и со кралското семејство, велејќи дека е многу важно да се продолжи понатаму.
„Мислам дека простувањето е многу важно. Потребна е многу повеќе енергија за да не се прости, но исто така треба многу труд за да се прости. Навистина се трудев“, истакна таа.
И додаде дека таа и Хари веќе се обидуваат да го научат синот Арчи на добри манири, а во оваа прилика откри и дека планира да се врати на социјалните мрежи.
„Дали сакате да знаете една тајна? Се враќам... на Инстаграм“, рекла Маркл.
Одлуката, истакнува таа, е донесена во светло на лансирањето на нејзиниот нов подкаст, „Archetypes“, кој пристигна на Spotify минатата недела.
Сепак, во целото интервју најмногу внимание на јавноста привлече една нејзина, може да се каже непромислена изјава. Имено, зборувајќи за Мегзит и одлуката Хари и таа да се повлечат од кралските должности.
„Хари ми рече ...го изгубив татко ми во овој процес“, објасни Маркл, мислејќи на принцот Чарлс и одлуката на парот да се повлече од кралскиот живот во јануари 2020 година.
Сепак, нејзиниот портпарол, новинар и биограф Омид Скоби вчера ги демантираше тврдењата дека војвотката ја кажала горната реченица во интервју за „The Cut“, инсистирајќи дека таа всушност мислела на сопствениот татко.
Според новинарката Алисон Дејвис, Меган Маркл навистина рекла дека Хари и се доверил за губењето на својот татко во тој процес, додавајќи:
„За нив не мораше да биде исто како и за мене, но тоа е негова одлука“.
Сепак, Скоби се огласи на Твитер за да инсистира дека таа всушност мислела на нејзиниот татко Томас.
„Се чини дека има конфузија во изјавите дадени во интервјуто за „The Cut“, напиша тој. „Разбирам дека принцот Хари всушност мисли на тоа дека Меган го изгубила сопствениот татко, а Меган вели дека не сака Хари да го изгуби неговиот“.
There seems to be confusion in some headlines about this quote in The Cut interview. I understand that Prince Harry is actually referring to Meghan's loss of her own father, and Meghan is saying she doesn't want Harry to lose his. pic.twitter.com/rAZBK9J6Qz
— Omid Scobie (@scobie) August 29, 2022
Семејството Сасекс, кои сега живеат во Монтесито, Калифорнија покрај синот Арчи, ја имаат и едногодишна ќерка Лилибет, потпишаа договори со медиумските брендови Spotify и Netflix откако ја напуштија Велика Британија.
Ова интервју е дел од промоцијата за нејзиниот подкаст Archetypes на Spotify, кој започна минатата недела.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - screenshoot- Studio 10