Нудиме неограничена слобода корисниците да ја менуваат својата тарифа кога ќе посакаат: Интервју со Владимир од Лајкамобајл
Во изминативе две години успеавме да се етаблираме како доверлив и сигурен давател на мобилни комуникациски услуги на македонскиот пазар, со продуктно портфолио, кориснички пристап и пазарен настап кој е поразличен од останатите на пазарот, вели во интервју за Фактор ,Владимир Николиќ, директор за регион Балкан и генерален менаџер за Македонија на Лајкамобајл.
Кои се предностите кои ги имате и какви услуги им нудите на граѓаните во однос на другите два доминанти оператори?
- На нашите корисници во Македонија им нудиме ценовно конкурентни неделни и месечни пакети кои содржат неограничени повици и смс пораки и изобилство од вклучени гигабајти Интернет. Воедно, нашите корисници добиваат уникатна можност да користат бесплатни неограничени повици кон секој од над 15-те милиони корисници на Лајка мобилен број во дури 25 земји во светот и неверојатно конкурентни цени за меѓународните повици кон било кој телефонски број во странство.
Ние овозможуваме неограничена слобода и феклсибилност корисниците да го менуваат својот тарифен план секоја недела или секој месец, во зависност од нивните моментални желби, потреби за конкретни услуги и за контрола на месечниот трошок. Иделен пример за ова е можноста за активирање на повеќе различни месечни или неделни тарифни планови одеднаш. Така на пример корисникот може да го искомбинира нашиот топ селер месечен пакет Lyca Maxi кој нуди неограничени разговори и 5GB Интернет и истовремено да додаде уште 5GB преку активација на нашиот DATA XL пакет, со што корисникот ефективно би имал 10 GB Интернет и неограничени разговори и пораки кон сите национални мрежи за 748 МКД месечно. Следниот месец изборот на пакет или комбинација на пакети на истиот корисник би можел да биде сосем поинаков, во зависност од расположливиот буџет на корисникот, односно неговите моментални потреби, па може да активира одреден поинаков пакет или пакети со поволности согласно потребите за тој месец. Секако, вреди уште еднаш да се потенцира дека во било која комбинација корисниците можат да користат бесплатни и неограничени меѓународни разговори, со што повиците кон странство ги правиме поедноставни и подостапни за секого.