,

Нутриционист Ванеса Мекинтос за Женски магазин: Го откри својот магичен пијалак за силен имунитет

Добивај вести на Viber

Откако нè зафати пандемијата на коронавирус, веќе десетина месеци најмногу се зборува, се пишува, се апелира да се чува имунитетот и да се работи на негово зајакнување.

Секојдневно низ медиумите се пласираат информации и рецепти кои може да ви помогнат во јакнење на одбранбениот систем од настинки и грип, а луѓето веќе не знаат на што и кому да му веруваат.

Токму затоа, Женски магазин, разговараше со нутриционистот и медицински работник за проекти на здрава храна Ванеса Мекинтос, која по потекло е од Македонија а живее и работи во Велика Британија.

За читателките на Женски магазин, Ванеса сподели, како таа како нутриционист го зајакнува својот имунитет и одбранбениот механизам на своите најмили,како и корисни совети за здрава исхрана, за супмлименти и како да се подобри и зајакне организмот кај дечињата.

Ванеса како нутриционист потенцира и советува граѓаните да се грижат за целиот човечки систем како целина, за да функционира и да не‘ заштити.
Како еден од најбитните фактори за нормално функционирање на нашиот организам нутриционистката ја наведува физичката активност.
„20 минути пешачење на ден е доволно да се нормализира притисокот и подобри имунитетот. Тоа може да биде пешачење 20 минути, брзо одење, или вежби кои може да си ги направите во домот. Секако, доколку можете избегнувајте стрес, направете го тоа со спорт, прошетка или мала креативност кои ќе ви го подобрат имунитетот“, советува таа.


Водата, исто така игра важна улога во подобрување на нашиот имунитет. „Внесувањето на доволно количество вода во организмот е исто така многу важно. Водата носи кислород во нашето тело и на тој начин го чисти телото од токсини. Препорачливо е да се пие 2-3 литри вода на ден“, потенцира Ванеса и додава: „Како нутриционист препорачувам здрава секојдневна дисциплина. Секое утро започнете го со чаша вода, претходно зовриена од вечерта во која преку ноќ стои мало парче ѓумбир.

Утрото само додајте пола лажица исцеден лимон и испијте ја водата. Првиот залак нека ви биде овошје или смуди. Потрудете се да избегнувате леб од рано наутро. Исто така избегнувајте мрсна и процесирана храна. За ужинка во текот на денот грицкајте свеж зеленчук.

Во текот на денот можете да пиете и чаеви кои исто така се борци против настинки и вируси. Поради чистење на крвта и цревата, ризикот на паразити е помал и со тоа се намалува интензитетот на вирусот и неговиот живот во организмот“.

Според неа важно е и кога ќе завршиме со исхраната во текот на денот, да внимаваме колку и што сме јаделе пред да одиме на спиење, но и колку време пред да легнеме в кревет. „ Пред спиење три часа се доволни за да дигистивниот тракт се подготви за одомор, одосно додека спиете.Доколку јадете пред спиење, вие ќе заспиете уморни, а вашиот систем ќе продолжи со работа и со тоа ќе врши притисок на имунитетот, тврди Ванеса и додава: „Имунитетот е нашиот главен невидлив војник, накој му треба добар план за неговата секојдневна борба да биде успешна“.

*Кое  овошје е најдобро да се консумира сезонава и зошто?

- Јаболко и ѓумбир. Во јаболкото имафлавоноид, керцетин кој помага во подобрување на имунитетот. Додека ѓумбирот ги заштитува келиите на имунитетот, помага во борбата против хроничните заболувања.

* Кој зеленчук?

- Консумирајте брокула барем 3 пати во неделата, подготвена на пареа. Доколку не ви е вкусна подготвена на пареа, тогаш исецкајте ја и ставете ја во зовриена вода само 3 минути, не подолго за да ги задржи сите витамини. Спанаќот исто така е многу добар за консумација периодов, тој е полн со витамин Ц, а особено е корисен ако се користи свеж во салати или во смуди.


* Кој домашен лек/пијалак е добро да се консумира сезонава за заштита од настинки и грип?

-Лекот што го користам јас за зајакнување на имунитетот е всушност сок,односно смуди.

1 лажица куркума, со прстофат црн пипер, мало парче рендан ѓумбир и свежо лупено јаболко, вода 200 милилитри, а може да се додаде и прстофат цимет, сите состојки се стават во блендер. Овој лек ја чисти крвта од потенцијални напаѓачи вируси и ја зајакнува крвта. Препорачливо е да се пие наутро или навечер.

* Велат дека Витаминот Д е многу важен во борбата против коронавирусот, каде се наоѓа тој и како да го внесуваме преку исхрана?

- За да добиеме доволна доза од витамин Д, треба да бидеме изложени на сонце, во период на доцна есен и зима кратко можеме да му се радува на сонцето и затоа е во ред да се внесува како суплимент и со консумирање на риба. Витаминот Д е исто така одличен борец против депресијата, прекрасен пријател за хормоните на тинејџерите. Треба да се напомене дека за време на летните месеци кога го имаме сонцето во доволни количини, треба да се направи пауза од консумација на витамин Д како суплименти. Витаминот Д го намалува и ризикот од остеопороза.


* Исто така, редовно се апелира граѓаните да консумираат суплименти, какви и дали може суплиментите да се заменат со исхрана?

- Живееме во свет во кој голем број од нашата исхрана не е органска, воздухот е загаден, така да дефинитивно суплиментите требада се консумираат секојдневно, без разлика на тоа дали се храниме здраво.

За секојдневна регенерација требада се храниме здраво и да не очекуваме дека сумплиментите се само доволни, или обратно. Како нутриционист препорачувам мултивитамини кои се соодветни на возраста, за тинејџерите витаминот Б6 и Б12, а витаминот Ц за возрасни. Омега 3, 6 и 9 е исто така борец за здрав и силен имунитет, здраво срце и здрави коски. Во време на настинки и грип особено препорачувам секојдневна доза на цинк и магнезиум. Магнезиумот го има во бананите, нивно секојдневно консумирање го активира витамиот Д во нашиот организам.

ВАЖНО: Одржувајте мудар баланс помеѓу исхраната и суплиментите.

* Кои намирници се добри периодов за дечињата? За силен имунитет?

- За дечињата, многу битен фактор играат Б витамините и омега 3 масните киселини. Црвеното овошје во кое спаѓа калинката е од особено значење и битно за здрава крв и јак имунитет. Киселото млеко и јогуртот ја подобруваат добрата бактерија во цревата а со тоа гозајакнуваат имунитетот. Ореви, суво овошје, несолени бадеми и овошје е добро да се консумира во текот на денот, бидејќи тие се исто така добри во стекнување на силен имунитет. Важни се и физичката активност на детето и чистиот воздух. Направете прошетка во планина, таму е чист воздухот и допринесува за добра циркулација низ целото тело и со тоа го заштитувате имунитетот.

За крај да не ја заборавиме хигиената, која игра важна улога во ширењето на бактериите и градење на добар имунитет. Дечињата се број еден преносители на сите можни бактерии преку нивната игра и растење. Да ги бодриме децата да бидат Амбасадори на хигиена и јак имунитет, со често миење на раце за здраво дете и здраво општество.


Фото: Домашна архива

Н.Миланова