Нутриционистка откри што е избалансиран оброк: Оваа храна треба да се најде во една чинија
Кога станува збор за исхраната, сите горе-долу знаеме што е тоа што треба да го јадеме за да бидеме здрави.
Сепак, многумина отсекогаш се прашувале што всушност треба да има на една чинија, за да се карактеризира како „здрав оброк“.
Нутриционистката Марија Ѓурковиќ откри што значи балансиран оброк и што треба да содржи:
Чекор 1:
Внимавајте на зеленчукот - наполнете половина чинија со него.
Чекор 2:
Храната богата со протеини треба да зазема четвртина од вашата чинија.
Чекор 3:
Искористете ја преостанатата четвртина од чинијата за јаглехидрати богати со влакна.
Чекор 4:
На крајот, обидете се да додадете здрави масти: неколку капки маслиново масло во салата, парче авокадо, лажичка ленено семе или неколку маслинки.
За да избегне забуна, нутриционистката откри и на која храна треба да се фокусирате:
Јаглехидрати: интегрален ориз, леб, тестенини, овес, киноа, компир, сладок компир, леќа ...
Протеини: риба, месо, јајца, млеко и млечни производи, мешунки (грав, грашок, наут...)
Масти: ладно цедени масла (маслиново, кокосово, сусам, ленено семе...), масна риба, јаткасти плодови, семки, авокадо...
Микронутриенти: Витамини и минерали кои најмногу ги има во зеленчукот и овошјето.