Објавија дека се разведуваат, па сега фатени заедно во луксузен хотел! Таа не ја тргнува насмевката од лице-Џеј Ло и Бен Афлек-што се случува?
Актерот се наведна да разговара со поранешната сопруга додека гестикулираше со рацете.
Наскоро бившата двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се забележани заедно за прв пат по барањето за развод.
Имено, тие биле снимени во саботата во хотелот Беверли Хилс во, како што изгледа, напнат разговор.
Актерот се наведнал да разговара со поранешната сопруга додека гестикулирал со рацете, пишуваат светските медиуми.
Нивното повторно обединување дојде откако Бен беше забележан како ја гушка и бакнува сопругата на најдобриот пријател Мет Дејмон на челото - неколку дена откако Дејмон беше виден како ја држи Џенифер за рака.
Тие набрзина одеа и разговараа, додека внимателно следеа дали камерите ги снимаат. По изразот на Бен можеше да се забележи дека е изнервиран и нерасположен. Сепак, причината за нивната средба се уште е непозната за јавноста.