Очите не лажат: Погледнете го романтичниот момент на Кејт и Вилијам, кој камерите успеаја да го доловат (ВИДЕО)

Десет години по венчавката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, се чини дека романсата за нив не е завршена.

Извор за People неодамна откри дека двајцата се грижат еден за друг, „но на различни начини“.

На почетокот во декември, војводата и војвотката од Кембриџ присуствуваа на богослужба и концерт во Вестминстерската опатија. Снимката на „Божиќни песни: Заедно за Божиќ“ ќе се емитува на 24 декември на ITV, а со извадок што го пренесува британскиот телевизиски канал, сведоци сме на љубовни погледи кои се разменуваат меѓу Кејт и Вилијам.


Додека Ели Голдинг ја изведува божиќната класика „Have Yourself a Merry Little Christmas“ во салата, камерите ги фаќаат војводата и војвотката како се свртуваат еден кон друг. И додека на почетокот Вилијам срамежливо и реагира на Кејт, таа го гледа право во очи, подоцна и двајцата се насмевнуваат.

Вестминстер е посебно место за парот - тие таму ги разменила своите венчални завети во 2011 година, па не е чудно што двајцата се емотивни, изјави Мари Клер. 

Токму Ели Голдинг пееше за време на нивниот прв танц како маж и жена, што го прави моментот за време на божиќниот концерт уште поспецијален за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.


Фото и Видео: Инстаграм - thecambridges_family

Среде приказните за кризата во бракот, Вилијам и Кејт ја објавија божиќната честитка: Дали ова е рецептот за среќна фотографија?