Од 25 јуни: Што ни носи Венера во љубовта
Во четврток, 25 јуни, Венера се движи напред со 5′ Близнаци. Во морето на ретроградни планети, Венера ќе биде првата што ќе
исчекори напред, а нашето срце конечно ќе гледа појасно. Можно е да ни треба
уште малку време и ќе треба да бидеме трпеливи сè додека Меркур не се
придвижи напред, а тоа ќе биде на 12 јули, затоа што тој е владетел на оваа
Венера и тој во моментов се движи ретроградно.
Значи, ако сте биле во недефинирана или нејасна
ситуација од 12 мај до 25 јуни, сигурни се две опции. Или конечно ќе ги
прифатите или ќе добиете нови информации поврзани со темата.
Она што се случи во тој период сега ќе започне да
се разјаснува. Повлекувањето од врска, љубовни игри, раскинувања или нови
врски, сите ќе бидат под влијание на промените.
На пример, ако сте запознале некој нов и сте
започнале врска, завесата се движи и појасно можете да видите кој се оддалечува
од вас и дали таа врска би можела да оди понатаму.
Ако раскинавте или оставивте зад себе личност за
којашто се грижевте, расфрланиот мозаик на настани ќе започне да се шири. Можно
е ова лице да ве контактира или сака да разбере дали овој прекин е конечен или
има шанса за поправка.
Визијата на вашето срце ќе се подобри, ќе ги
видите појасно сите ваши врски, полесно ќе постигнете решение.
Доаѓа време на расчистување. Ако обете страни се
подготвени да разговараат и да инвестираат во врската, вашата љубовна приказна
ќе добие среќен епилог. Старите кавги сега даваат начин за соработка, отворена
комуникација и попријатна атмосфера во врската. Но, ако едната страна не сака да
се поправи во својот однос, најверојатно ќе мора да го прифатите крајот.
Сега сè полека напредува и станува појасно. Напуштате
некои стари и нејасни места. Се буди нова љубовна енергија.
Обрнете внимание на деновите околу 28 и 29 јуни,
кога Венера се враќа на 21′, односно на
местото од каде што започна наназад. Тие денови носат нови информации, заклучоци,
поголема јасност во врска со темата со која се занимававте од 13 мај до 25
јуни. Овие ќе бидат денови на конечно разрешавање.
Во преговор со неа, ѓаволот секогаш губи: Овој хороскопски знак е симбол за човечност!