(ФОТО) ОД ДОСАДЕН КОМПЛЕТ ДО ШИК ИЗГЛЕД: Меланија Трамп знае како да ја зачини секоја комбинација!

Добивај вести на Viber

Меланија Трамп вчера ги угости претставниците на најголемите онлајн компании како Фејсбук, Твитер, Гугл, Снепчет и други.

Помина речиси година дена од обраќањето на првата дама ан Америка во врска со спречување на злоупотребите на Интернет и заштита на жртви.

Таа сериозно ја сфаќа задачата која ја прифати пред година дена и овој проблем кој е се пораспространет, се обидува, заедно со експерти од тие области , да ги доведе под контрола.


За таа прилика, Меланија Трамп облекла сако и миди сукња од сив штоф во едвај видлива но секогаш модерна "prensdegal" шара. Сериозното одело, како и секогаш, го зачинила со неколку парчиња кои целиот стајлинг го направиле воочлива и привлечна комбинација.


Првата дама под сакото облекла циклама џемпер , а иста боја биле и нејзините стилето чевли.

Шминката ја следела целата комбинација, така да првата дама се одлучила за нешто посилна шминка во сиви и пинк тонови, додека на усните имала само кармин во боја на кожата но и сјај за усни. Косата, по обичај и е пуштена.


Убавата Словенка не ги запоставила ни акцесоарите. На рацете имала два дијамантски прстени од кои еден е нејзиниот свршенички.