Од калта до ѕвездите: Сакала да се самоубие, живеела од социјална помош, а потоа се случил Хари Потер - Тешката животна приказна на Џ. К. Роулинг

Поминаа 20 години откако е снимен омилениот филм на многу генерации – Хари Потер. Џоана К. Роулинг со книгата си обезбеди слава, но и богатство за цел живот, но успехот не ја следел постојано низ животот, во доцните 20-ти години дури размислувала и за самоубиство.

Авторката на еден од најпопуларните романи за деца, веќе на почетокот од животот, на само 17 години, доживеа неуспех, кога не успеала да се запише на посакуваниот факултет. За несреќата да биде поголема, по само осум години таа ја изгубила мајка си кога била многу млада. Но тука не завршија несреќите на познатата писателка, бидејќи тогаш на 26-годишна возраст доживеа спонтан абортус.

Темните денови, се чинеше, конечно беа далеку зад неа, бидејќи по низа немили настани, односно осум години подоцна, таа се омажи. Сепак, среќата кратко траела, бидејќи во бракот сопругот почнал да ја малтретира, па се разведе кога имаше 28 години. Славната милјардерка од тој брак има ќерка. 

После тоа, по бројни страдања и турбуленции, авторката на бестселерот се разболела од депресија, што не е чудно, бидејќи на само 29 години станала самохрана мајка, која го издржувала своето дете од социјална помош. Таквата ситуација и огромните проблеми ја навеле да крене рака на себе една година подоцна.

За среќа на многу љубители на фантазијата и детските авантури, но и најблиските, тоа не се случи. Токму тогаш, Ј. К. Роулинг се одличила да се посвети на она што умеела да го прави најдобро, да пишува.

Судејќи по нејзините авторски дела, тоа било повеќе од паметна одлука, бидејќи набрзо, односно на 31-годишна возраст го доживеала објавувањето на својата прва книга. Ова секако не беше единствениот уметнички напредок на тогашната млада англиска писателка, бидејќи за неколку години, на 35-годишна возраст, објави уште три книги и доби значајна награда - беше прогласена за писателка на годината. 

Тоа уште повеќе ја инспирираше и ѝ даде ветер во грб, но беше и јасен показател дека пишувањето е навистина нејзина работа, па на 42-годишна возраст продала дури 11 милиони примероци од нејзината книга на првиот ден кога беше на полиците на книжарниците.

Денес ретки се оние кои не гледале филм за Хари Потер, момчето волшебник, кој е базиран на нејзините книги и кој на многумина им го одбележа детството на позитивен начин, а нејзиното име стана звучно и синоним за успех, слава и богатството. 

Сепак, се чини дека најважната лекција што можеше да се научи од бурниот, комплициран, а потоа и многу успешен живот на писателката за деца Ј. К. Роулинг е токму тоа дека никогаш не треба да се откажуваме, бидејќи животот, иако е полн со неправда и болка, е изненадувачки, и може да биде убав, дека треба да веруваме во себе и во процесот, бидејќи ништо не се случува преку ноќ.


Фото: Профимедиа