Од монологот на седумдесетгодишна жена

Некогаш мудроста доаѓа со годините, понекогаш со искуството, а понекогаш воопшто не доаѓа. Меѓутоа, со возраста, почнуваме да разбираме, чувствуваме и сфаќаме како функционира животот. Дефинитивно вреди да се слушаат постарите луѓе бидејќи тие се полни со животна мудрост.

Од монологот на седумдесетгодишна жена:

На дваесет години копнеев по љубов.

На четириесет години станав донатор - мојот сопруг и децата добиваа онолку љубов колку што им требаше.

На шеесет години веќе бев исцрпена и повеќе не ја сакав љубовта.

И сега, на седумдесет, вдомив куче - млада мешана раса, напуштено од сите - и за прв пат дознав како е да се биде сакан само затоа што постоиш. Дури и моите родители ме сакаа поради тоа што бев послушна, а не затоа што јас бев јас.

Кучето ме допира со својата влажна муцка, ми зјапа во очи, а јас за него сум најубавата и најпаметната на светот. Ме чека како што никој не ме чекал дури и кога бев подготвена на сѐ.

Знаете, порано им се смеев на осамени жени со четириесет мачки, а сега ми е јасно дека треба да се смееме себеси, затоа што заостануваме зад животните во давање љубов...

извоир/ автор: zenskikutak/Ljilja Grad