Од неа ја наследила убавината: Мајката на Анџелина Џоли била поубава од неа (ФОТО)

Анџелина Џоли многумина ја сметаат за најубава жена на светот. Нејзиниот поглед често го нарекуваат „мачкин“, а нејзината насмевката е симбол на Холивуд. Сепак, многумина не знаат дека Анџелина Џоли многу потсетува на нејзината покојна мајка Маршелин Бертран, од која ја наследила убавината, но и држењето на телото.


Да беше жива, Маршелин годинава ќе наполнише 71 година. Мајката на Анџелина била и актерка, но кариерата ја запоставила поради семејството.


Сепак, таа сфатила дека е многу тешко да се усогласи филмската кариера и да се грижи за мали деца, па решила да му се посвети на семејството.


Сепак, бракот со Џон Војт не и донел среќа на младата актерка во тоа време. Открила дека тој ја изневерувал со кого стигнел, па затоа поднела барање за развод кога нејзиниот син имал пет а нејзината ќерка три години.



Кога имала скоро 52 години, се омажила за Том Бесамра, со кого живеела во среќен брак скоро седум години, сè додека смртта не ги разделила.


Маршелин се борела со рак скоро осум години, а починала во 2007 година од рак на јајници по тешка борба.

Во 2008 година, Анџелина и Бред Пит ја добија ќерката Вивиен Маршелин Џоли Пит, именувана по нејзината покојна баба.

Фото: Инстаграм

Родена како девојче, но отсекогаш сакала да биде момче: Ќерката на Анџелина и Бред денес се вика Џон