Од пејачка до професорка: Пееше во групата „Моби Дик“, на врвот на кариерата исчезна од јавноста, а еве како изгледа денес

По Ана Станиќ, Александра Перовиќ беше пејачка во групата „Моби Дик“. После тоа, таа продолжи со својата соло кариера.

Со долгогодишниот партнер го доби синот Павле, по што ја промени професијата.

По ангажманот во „Моби Дик“, Александра се посвети на соло кариера. Беше учесничка и во реално шоу, но наеднаш исчезна од малите екрани.

Александра денес предава спортски менаџмент на приватен факултет и на некој начин се повлече од естрадата кога стана мајка. Таа во 2013 година го роди синот Павле, кој го доби со долгогодишниот партнер Бобан Јаблан. 

- Би сакала да имам нова песна, но би сакала да избегнувам постојано појавување во емисии. Тоа веќе не ми е интересно. Ми се случува луѓето да ме препознаат и да прашаат кога ќе се случи нешто ново, па можеби наскоро ќе работам на нова песна - најави Перовиќ пред неколку години.


Фото: Youtube - printscreen/Инстаграм