Од секс-симбол во 80-тите, до тотален нервен слом и бизарни халуцинации: Што се случи со Ким Вајлд?

Англиската пејачка Ким Вајлд, која стекна голема популарност во осумдесетите, наполни 61 година.

Ким Вајлд порано беше голема музичка ѕвезда, а важеше и за секс бомба.

Нејзиниот прв албум беше успешен во 1981 година, а песната „Kids in America“ беше рангирана на второ место меѓу сите плејлисти во Англија.


Во 1983 година ја доби наградата за најдобар британски женски соло изведувач. Во текот на осумдесеттите и деведесеттите, таа доби повеќе од 10 награди за најдобар пејач во Англија, Германија, Шведска и Холандија.

Ким денес е во шестата деценија, а долго време се занимава со градинарство. Како што вели, тоа и помогнало да се опорави од нервниот слом што го доживеала на врвот на кариерата.

Кога Мајкл Џексон почина, таа видела НЛО

Како што кажа и самата, токму тој настан и го променил животот. Таа видела вонземјани на небото во својата градина ден по смртта на кралот на попот Мајкл Џексон. Тогаш таа се почувствувала поврзана со универзумот.

- Бев во градината со пријател ден по смртта на Мајкл Џексон и видовме две силни светла на небото. Тие беа околу 20 пати поголеми од авионите. Тие лебдеа, а потоа во цик-цак многу брзо мрдаа околу десет минути. Тоа беше во локалните весници и не бевме единствените луѓе што го видоа тоа. Тоа ми го промени животот. Се чувствував поврзана со универзумот и тоа навистина ме инспирираше, ми донесе надеж. Мислам дека тоа е исто како кога некој ќе каже дека го видел Бог - изјави таа во една прилика за магазинот ОК.

Пијанство во метрото

Во 2012 година таа ги шокираше патниците во метрото. Кога влегла во вагонот не ја ни препознале, но откако брат ѝ ја извадил гитарата, а таа во алкохолизирана состојба почнала да пее, сфатиле дека е таа.

Се претпоставува дека се враќала од прослава на Божиќ.


- По прилично скапан ден, отидов дома со метро и не најдов слободно место. Тогаш маж извади гитара и си помислив: О, почнавме! Тогаш пијаната жена почна да пее. Чекај малку, дали го знам тој глас?! Навистина беше Ким Вајлд! Целосно ми го разубави денот. Благодарам! Таа е апсолутна легенда! Среќен Божиќ на сите, напишал еден од патниците.


Својот последен студиски албум „Here Come the Aliens“ го издаде во 2018 година, а тоа исто така беше нејзин 14-ти албум во кариерата.


Ким е во брак со Хал Фаулер од 1996 година и се родители на две деца, Роуз и Хари.


Нејзиното богатство се проценува на 20 милиони евра.


Фото: Профимедиа/Инстаграм

Видео: Youtube