Од ситна тинејџерка до жена со гигантски задник: Вака Наташа го живее сонот за кој троши илјадници евра

Наташа Краун, Швеѓанката со српско потекло стигна до страниците на сите светски таблоиди, но за жал причината е прилично бизарна и нималку ласкава... Имено, нејзиниот сон е да го има најголемиот задник на светот, а досега на него таа има потрошено повеќе од 100 илјада фунти!

Наташа веќе имала шест операции за зголемување на задникот, а продолжува посветено да работи на својата цел. 

„Сакам да го имам најголемиот задник на светот. Верувам дека колку е поголем, толку подобро. Позната сум по мојот голем задник“, изјави таа за британски „The Sun“.

View this post on Instagram

A post shared by Natasha Crown (@natasha_crown_official1)



Наташа за прв пат го зголемила задникот на 20 години, а во јануари годинава ја направила шестата операција!

„Почнав да вежбам во теретана со идеја да го подигнам задникот, а потоа ми текна да го „напумпам“. Така започна мојот пат до најголемата позадина на светот“, истакна таа.

Но, Наташа не само што го зголемила задникот, туку направила и неколку естетски зафати на лицето, а целосно го променила имиџот, па денес како 30-годишна изгледа сосема поинаку во однос на раната младост.

View this post on Instagram

A post shared by Natasha Crown (@natasha_crown_official1)



Иако го обожава своето тело, таа не може да најде љубов бидејќи „нејзината форма на телото и личноста ги плашат мажите“.

„Последен пат имав врска пред седум години. Јас сум прилично екстремна, па мислам дека луѓето се плашат од мене. Мажите се плашат од мене, едноставно. Тие мора да се справат со мојата личност, а потоа со моето тело и сè друго на врвот. Тоа е екстремно. Се надевам дека ќе најдам некој еден ден“, рече таа.

Инаку, таа заработува продавајќи фотографии и видеа од своето тело и задникот на обожавателите ширум светот, и можеби звучи апсурдно, но таа всушност ги има. Само на Инстаграм ја следат повеќе од два милиони луѓе.

„Не мислев дека е можно да се заработи на овој начин, но сега гледам дека е можно. Кршев столици со задникот, кршев кревети, кршев луѓе. Отсекогаш сум била поинаква“, вели Краунова.


Извор: zena.blic.rs

Фото: Инстаграм/Профимедиа