Office look: 7 начини да носите бермуди на работа оваа есен

Добивај вести на Viber

Ако сакате бермуди, секако, можете да ги носите дури и во канцеларија.

Во летната сезона видовме парче облека кое ги преплави улиците на островите, баровите, градовите, па дури и плажите. Бермудите, кои веќе две сезони им се омилени на многу дами, беа присутни и во поформални прилики и никогаш не не изневерија. За среќа, нема причина да се разделите со бермудите иако дојде есента.

Да, ова кул и младешко парче ќе продолжи да ни прави друштво во сончевите есенски денови. Одличен избор е и за канцеларија во оваа преодна сезона. Во широка и долга линија, може да биде најстилското парче од вашата „униформа“ за работа. Пребарувавме и најдовме 7 од најстилските начини да носите бермуди во канцеларија оваа есен. Погледнете го нашиот избор во фотогалеријата и инспирирајте се.


ФОТО: Инстаграм