Огњен Амиџиќ е многу популарен, ама неговата сестра никој не ја знае: Како изгледа Маја?

Омилена игра во детството ѝ била да го брка со нож ...

Сестрата на водителот е две и пол години помлада од него и е магистер по англиски јазик. Таа не се појавува во јавноста и не сака да се експонира во медиумите. Таа води сосема „нормален“ живот далеку од очите на јавноста, иако нејзиниот брат е една од најголемите sвезди во водителството.

Малкумина во јавноста знаат дека водителот Огњен Амиџиќ има помала сестра. Нејзиното име е Маја, има 43 години и не сака да се експонира во медиумите, бидејќи не се занимава со јавни работи.

Сестрата на Огњен е магистер по англиски јазик, а во една прилика Огњен се пофали дека Маја - течно зборува британски.


- Инаку, сестра ми Маја Амиџиќ магистрира англиски и течно зборува британски англиски - објави тој на Твитер, а неговата сестра одговори со емотикон во форма на срце.

Огњен е две и пол години постар од Маја, но никогаш не се однесувал така. Имале мали, детски расправии, а тој истакна дека честопати сакал да ја нервира.


- Разликата меѓу нас е две и пол години, но никогаш не се однесував со неа како да сум постар брат. Сепак, ние сме мала разлика, а најмногу од се‘ ми се допаѓаше да ја нервирам, а потоа да се смеам. Немаше големи расправии, но таа ме бркаше со нож неколку пати - изјави тој за „Глоси“ во една прилика, па објасни дека тие се согласуваат одлично.


- Денес имаме одлична врска. Нашите родители не беа строги, но знаевме каков е редот и кој е авторитетот, како и што може и што не може да се направи, иако никогаш не не тепаа - заклучи тогаш водителот.


Фото: Youtube/screenshoot/Твитер

Тој ѝ ја посвети песната „Македонка“: Даниела Димитровска искрено за бракот со Огњен Амиџиќ