Oгромен чевларник, мини теретана, спална од соништата: Ѕирнете во лукс станот на Сања Кужет (ФОТО-ВИДЕО)
Водителката покажа како ужива во својот удобен дом во кој живее со сопругот и децата
Водителката Сања Кужет е родена во Белград. Таа денес има 39 години и живее во една населба во српската престолнина, а важи и за една од најубавите водителки во Србија.
Сања е многу активна на Инстаграм и разменува совети и искуства со своите следбеници, а сега покажа како изгледа едно нејзино утро. Водителката на снимањето откри и како изгледа луксузниот стан во кој живее со сопругот и децата.
Она што може да се забележи е дека има огромна спална соба со удобен брачен кревет, плакар и чевларник. Собата води до терасата со прекрасен поглед на зеленилото, каде што таа дефинитвно претпочита да се опушти.
Во станот таа практично има и мини-теретана, поточно апарати на кои вежба за да ја одржи витката фигура. Има и луксузна бања опремена со најнова санитарна опрема.
Да потсетиме, водителката неодамна започна нов бизнис - започна линија на ладно цедени сокови за детоксикација, а на прашањето на 24sedam зошто си наметнала нова обврска, своевремено изјави:
- Изгледа вишок енергија (се смее). Кога се друго ви е средено, тогаш сакам да пробам нешто ново. Да се одважам и да видам како е да правиш нешто сериозно, а многу е важно да стојам зад тоа со мојата работа. Верувам во овој производ, коцките се поклопија, тoa е составен дел од мојот приватен живот, а сега сите можете да видите за што се работи.
Фото: Инстаграм
Стил на денот: Сања Кужет во фустан кој ќе биде хит оваа сезона
Сања Кужет ги отвори вратите од домот специјално за Женски магазин: Ангажираме професионалци за декорирање за да ни ја исполнат секоја желба