Огромен двор од 2000м2 и посебна градина за природни науки: „Светот на Колорес“ ја отвора својата трета градинка во Скопје

Добивај вести на Viber

Приватните градинки за деца „Светот на Колорес“ се особено препознатливи по посебниот начин за грижа и едукација на децата, како и прошетките во природа и природните материјатли.

Од денеска стартуваат со нов објект, трет по ред на супер локација во Општина Карпош до Педагошки факултет.

Она што го прави овој објект посебен е неговиот огромен двор од 2000м2 оспособен за секакви физички и едукативни активности со децата, како и посебна градина каде тие во пракса ќе може да се запознаат со природните науки - вели Билјана Караманолевска, генерален менаџер на детските градинки „Светот на Колорес“.

Училници и простор за игра, средени по највисоки стандарди и наставен кадар кој апсолутно се вложува во воспитувањето на децата- се само дел од епитетите на „Светот на Колорес“.

- Грижата, љубовта и едукацијата на дечињата е наша водилка кон успехот - додава Караманолевска.

Уписите за деца од 2 до 6 години се во тек.

*ПР објава