Огромен интерес за производите Ozone Gold на ПРОФЕМИНА 2019
На овогодинешниот настан PROFEMINA 2019 кој се одржува денес во хотелот Александар Палас, учествуваат и природните производи на база на озон – Ozone Gold. Во првиот дел на настанот, стручна презентација на производите, придобивките од озонската терапија и начините на употреба одржа д-р Силвана Дума.
Во вториот дел од настанот, присутните се запознаа со програмата за лојалност на Ozone Gold и наградите и поволностите од зачленувањето во неа преку веб страницата www.ozone-gold.com. На верните корисници како и најсреќните во салата, им беа доделени промотивни подароци со производи од озон, кои се погодни за грижа и нега на целото тело. Озонот гарантира здравје за целиот организам, а Ozone Gold на иновативен начин успеа да ги донесе придобивките од озонската терапија до секој дом.
Палетата на производи на Ozone Gold е составена од уникатните капсули со озонирано маслиново масло, кремите за медицинска намена со големи количества озон, потоа програмата за нега на лице, целосната програма за заштита на коса, производите против целулит и производите за нега на телото. Озонирајте се и бидете здрави секој ден.