ОКТА трета година по ред додели стипендии на 10 студенти на УКИМ

Добивај вести на Viber

Десет студенти на УКИМ денеска ги потпишаа договорите со ОКТА, со кои добиваат целосни стипендии за постдипломски студии. Компанијата трета година по ред стипендира студенти од државниот Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Со оваа програма се опфатени пет факултети од УКИМ кои се блиски и сродни со основната дејност на компанијата. Годинава со стипендиисе стекнаа по двајца студенти на Машински факултет, Технолошко-металуршки факултет и Економски факултет, и еден студент на ПМФ – Институт за хемија, додека на ФЕИТ беа доделени три стипендии.Стипендиите се наменети за втор циклус едногодишни студии, за учебната 2019/2020 година.

Преку својата општествено одговорна политика, компанијата ОКТА е активно посветена на унапредување на образовниот процес и поттикнување на младите да вложуваат во своето образование и знаење.

Покрај стипендирањето студенти за втор циклус студии во земјата и во странство, поддршката од ОКТА за студентите се проширува и преку реализирање на редовната програма за практиканти,како и поддршкатана различни активности заунапредување на наставно -образовниот процес на факултетите.