Омилената 50+ инфлуенсерка е пример за добар стил со скромен буџет: Жени, учете од Пилар Де Арс

Добивај вести на Viber

Стилот на омилената педесет плус модна инфлуенсерка е приказ за тоа како треба да се облекува жената во нејзините зрели години.

Еден од најпопуларните педесет плус модни инфлуенсерки редовно нè воодушевува со секој нејзин пост, а модните избори на ненадминливата Пилар Де Арс за оваа пролет и лето се едноставно фантастични.


Инспиративните модни комбинации што ги објавува таа покажуваат како треба да изгледа убаво стилизирана жена по 50 години. Иако, овие модни комбинации можат да ги носат и помлади жени.


Дека модните комбинации со многу скромен буџет, се специјалитет на Пилар Де Арс,  новата модна владетелка на социјалните мрежи, не е ништо ново, а витката Шпанка уште еднаш го докажа своето рафинирано чувство за мода.

Пилар Де Арс брзо се етаблираше како една од најпопуларните влијателни педесет плус модни инфлуенсерки, таа е дама со непогрешливо чувство за мода, која лесно се натпреварува со двојно помлади модни блогерки.

Токму оваа волшебна бринета од Сан Себастијан е доказ дека добриот моден стил не е резервиран само за млади луѓе, и дека жените од која било возраст можат да изгледаат шик, секси и модерно.


извор:stil.kurir.rs