Омилената девојка од „Беверли Хилс“ повторно ги шокира обожавателите: Што се случило со нејзиното лице, зошто повеќе не личи на себе?

Актерката Тори Спелинг, која се прослави со улогата на Дона Мартин во култната тинејџерска серија „Беверли Хилс“, повторно ги шокираше обожавателите со сегашниот изглед.

Тори Спелинг, ќерката на познатиот ТВ продуцент Арон Спелинг, повторно ги шокираше фановите со својот изглед.

Tori SpelingFoto:Profimedia

Папараците ја фотографираа минатата недела во автомобил, во опуштено издание и капа на главата, а без нејзиното име напишано под фотографиите ретко кој би ја препознал.

Да потсетиме, Тори имаше многу привилегирано детство. Покрај богатството во кое уживаше од раѓање, актерката имаше одличен почеток во кариерата, бидејќи нејзиниот татко ја создаде серијата „Бевери Хилс“.

Спелинг пораснала во луксузна вила во Калифорнија, која покрај 14 спални соби имала и куглана, мал музеј за автомобили, просторија за славење, како и просторија за примање подароци.


Но, како што вели и самата Тори, не била свесна за условите и средината во која го поминала детството.