Омилениот појадок на кралот Чарлс III: Вакви јајца печени во рерна не сте пробале, вкусот е неодолив, а не може да биде поедноставно (РЕЦЕПТ)
Заедно со рецептот за омилениот појадок на неговото
височество Чарлс Трети, кој
британското кралско семејство го објави на своите социјални мрежи, има и
напомена - секогаш кога сте во можност да го подготвите ова јадење, користете
органски состојки:
Печени јајца со сирење
За подготовка на ова јадење потребни ви се следниве намирници:
-100 гр спанаќ, прелијте го со топла вода да „омекне“
-1 свеж чери домат, може и сушен
-35 g полумеко сирење (Неговото Височество сака британски брендови, како што се Tunworth или Golden Cenarth, и можете да барате достојна замена од вашите локални производители)
-1 јајце
-80 мл слатка павлака
-15гр рендано тврдо сирење/пармезан (Неговото Височество користи Old Winchester, можете да го користите домашно рендано)
-свежи листови босилек
-малку путер
Начин на подготовка:
Мал сад за рерна премачкајте го со путер, а на дното ставете листови спанаќ кои претходно сте ги „омекнале“ со топла вода, оставајќи мала дупка во средината на садот. Домаот исечкајте о на четвртинки и наредете го врз спанаќот. Скршете го помекото сирење над спанаќот, помеѓу четвртините домат. Додадете ги искинатите листови босилек и зачинете со сол и бибер. Скршете го јајцето во дупката во средината. Со кремот прелијте го спанаќот, внимавајќи да не се прелее јајцето. Посипете со рендан пармезан и ставете во рерна на 180 степени 8-10 минути. Извадете го и оставете го малку да одмори пред да го послужите.
Фото: Профимедиа
НЕМА ВОЗАЧКА, НИТУ ПАСОШ, СОПСТВЕНИК Е НА СИТЕ ЛЕБЕДИ - ова се привилегиите на кралот Чарлс