Омилениот појадок во Југославија за време на велигденскиот пост: Вкусен, евтин и здрав

Добивај вести на Viber

Фото : Printscreen Youtube / Kuhinja Valentina Mašković

Ако некогаш сте се запрашале кој бил омилениот појадок Југославија, ви го пренесуваме овој стар рецепт!

Мирисот на проја со праз беше еден од омилените во домовите низ Југославија, особено за време на големиот велигденски пост. За состојките ви требаат многу малку пари и само неколку минути за да ја направите смесата, а вкусот ќе ве маѓепса уште од првиот залак. На многумина им стана омилен појадок, дури и кога не се пости, а рецептот со години се пренесува од колено на колено.

Состојки:

200 гр бело брашно

200 гр пченкарно брашно

2 китки праз

половина чаша масло

1 кесичка прашок за пециво

2 чаши кисела вода

сол

сусам по желба

Начин на подготовка:

Исечкајте го белиот и зелениот дел од празот, па зелениот оставете го на страна, а белиот пропржете го на малку масло. Потоа измешајте бело и пченкарно брашно, прашок за пециво, масло и кисела вода и посолете по желба. Во смесата додадете го пржениот праз и убаво измешајте. По желба одозгора можете да додадете и сусам.

Добиената смеса истурете ја во плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. После тоа, извадете го и посипете го со зелениот дел од празот. Вратете го во рерна уште десетина минути, додека убаво порумени.


Извор: stil.kurir.rs