Оној кој се обидува да ве „скрши“ и повреди, веќе е под вас - Запомнете го тоа добро

Добивај вести на Viber


Животот често не соочува со луѓе кои имаат потреба да го намалат туѓиот успех или да го нарушат внатрешниот мир на другите. Без разлика дали се работи за љубомора, нивна сопствена несигурност или едноставен недостаток на емпатија, овие луѓе ќе направат се за да ги повлечат другите надолу. Она што е важно да се запамети во тие моменти е дека личноста која има потреба да повреди или девалвира некого, одамна е надвор од здравото место во својот живот. Таквите луѓе често се борат со своите внатрешни демони, а нивните постапки се само одраз на нивната внатрешна несигурност. Кога некој ќе се обиде да ве собори, запомнете – тој е веќе под вас.

Разбирање на мотивациите на оние што ги повредуваат

Луѓето кои ги повредуваат другите често го прават тоа поради сопствените неисполнети амбиции, фрустрации и незадоволства. Кога ќе видите дека некој ве напаѓа, тоа обично не е поради вас или вашите постапки, туку затоа што тие гледаат нешто во вас што не го гледаат во себе. Можеби тоа е вашата среќа, успех, внатрешен мир или едноставно начинот на кој се носите низ животот. Наместо да се соочат со нивните проблеми, тие го земаат полесниот начин – обидувајќи се да соборат некој друг. Тоа е одбранбен механизам, начин да се избегне соочување со сопствените маани и слабости.

Кога ќе сфатите дека нивните постапки се само одраз на нивната внатрешна несреќа, ќе ви биде полесно да се дистанцирате од тие ситуации и да не дозволите да ве повредат.

Не им давајте моќ над вас

Личноста која се обидува да ве повреди сака да реагирате – тие сакаат да се спуштите на нивното ниво. Ако дозволите навредите или критиките да дојдат до вас, им давате моќ над вашите емоции. Меѓутоа, ако не им дозволите да ве скршат, нивните обиди ќе бидат неплодни.

Клучот е да останете смирени и самоуверени. Запомнете дека вашата вредност не е дефинирана со туѓо мислење. Не дозволувајте подлоста и негативноста на другите да ве вовлечат во нивниот свет. Наместо тоа, продолжете да бидете тоа што сте, бидејќи токму тоа најмногу ги боли – вашата сила и способност да останете над ситуацијата.

Поставете здрави граници

Важно е да поставите граници со луѓето кои се обидуваат да ве повредат. Не треба да дозволите да бидат дел од вашиот живот или да имаат некакво влијание врз вас. Без разлика дали се работи за пријатели, колеги или дури и членови на семејството, вашата благосостојба е приоритет. Дистанцирај се од токсичните луѓе и насочи ја својата енергија на оние кои те поддржуваат и сакаат.

Поставувањето граници не е чин на слабост, туку на сила. Тоа е начин да го заштитите вашиот мир и вашето срце. Кога се опкружувате со вистинските луѓе, оние кои се обидуваат да ве урнат ја губат својата моќ.

Силата доаѓа одвнатре

Оние кои се обидуваат да ве урнат се веќе под вас бидејќи ја немаат внатрешната сила и стабилност како што имате. Нивната енергија се троши на негативност, додека таа енергија можете да ја искористите за раст и напредок. Секој пат кога некој ќе се обиде да ве повреди, потсетете се колку сте навистина силни – затоа што да не сте, тој не би се ни мачел да ве скрши.

Останете верни на себе, бидејќи вашата сила доаѓа од внатре. Не дозволувајте оние кои немаат ни мал дел од таа сила да ви ја одземат. Запомнете: кој се обидува да ве урне, веќе е под вас.

Фото:Фрипик