Оперските солисти по дома: Квинететот Дурловски пее народно, Нацоски во дует пее забавно

Добивај вести на Viber

Во поддршка на акцијата „седи си дома“, оперските пејачи Игор и Ана Дурловски, постираа деновиве семејна изведба на народната песна „Што ми е мило на Струга дуќан да имам“.

„Во ова време-невреме седум/осмини може да стоплат нечие срце“, пишува Игор за снимката, во која пејат заедно со нивните три деца Максим, Лука и Софија. Не е првпат тие да постираат снимка од нивните семејни пејачки сеанси и да покажат дека и потомците на оперската двојка се врвно талентирани. Минатата година, Игор и Ана за празникот Илинден, ја објавија семејната снимка на народната песна: „Налеј, налеј“.

Овде можете да ја слушнете нивната изведба на „Што ми е мило на Струга дуќан да имам“.


Оперскиот пејач Благој Нацовски, кој живее во Џенова, Италија, во деновие на својата самоизолација често споделува снимки од своите пејачки моменти. Тој никогаш досега не снимил официјален крос-овер дует, што е често користена практика за популаризација на оперската музика. Во својот најнов пост на ФБ, Нацоски постираше дует со италијанскиот пејач Франческо ди Чело, секој од својот карантин. Ја пејат, како што вели Благој, неговата омилена забавна мелодија.