Оштета од 271.000 долари поради лоша фризура: Дали би го тужеле и вие вашиот фризер ако ве унакаже?
Коко Шанел еднаш рече:
„Жена што ја менува фризурата, го менува својот живот“
Па, се чини дека една манекенка од Индија ги послуша советите на славната Мадам Шанел, бидејќи нејзината фризура засекогаш ја смени нејзината судбина, докажувајќи дека зборовите на славната модна дизајнерка се апсолутно вистинити. Сепак, не на позитивен начин. Жената претрпела речиси непоправлива ментална траума, а потоа со паричен надоместок од 271.000 долари ги надоместила сите нејзини загуби.
Еве како всушност оди оваа приказна: манекенка со екстремно долга коса, која е редовен клиент на салон, многу познат во Делхи, им дала јасни упатства на „тазе“ запослен фризер како да ѝ ја скрати косата, а упатствата биле исклучително детални, бидејќи заработува со промовирање производи за коса од различни марки.
Не само што работниците во салонот ги игнорирале нејзините упатства, тие ги урнаа нејзините соништа за врвно моделирање, што требало да ги започне веднаш потоа. Стилистот и скратил поголем дел од косата, оставајќи ја долга само 10 см под рамената, што е навистина мало во споредба со должината на косата со која пошла на шишање. Потоа, клиентката го пријавила салонот до Националната комисија за решавање спорови со потрошувачите, која и додели 20 милиони рупии (271.000 американски долари). Претседателот на панелот, РК Агравал, изјави: „Нема сомнение дека жените се многу внимателни и детални кога станува збор за нивната коса. Поминуваат многу време за одржување на фризурата и се емотивно поврзани со неа. Тужителката беше модел за производи за коса поради должината на косата и соработуваше со многу големи брендови, што сега е невозможно за неа“.
Според NDTV, моделот требало да биде интервјуиран на телевизија, кратко време откако го посетила салонот. Бидејќи нејзиниот редовен фризер не бил достапен, ја презел друг вработен. Кога очигледно била незадоволна од фризурата, салонот и понудил бесплатен третман на коса како компензација, но ситуацијата станала уште полоша. Според неа, третманот бил од сомнително потекло и ја оштетил нејзината коса во голема мера.
За многу луѓе, лошата фризура не е толку голема работа, но за оваа жена, ситуацијата е сосема спротивна - според наводите, таа изгубила неколку ангажмани поради оваа непријатна ситуација. Иако постојат многу пострашни работи во светот што се случуваат секој ден и многумина го осудуваат надоместот што го добила, запрашајте се што би правеле вие кога би биле на нејзино место?
Фото: фреепик
Подобро кратка и здрава... и коса и врска: Јелена Спенџарска целосно го промени имиџот (ФОТО)