Оскари 2020: Филмските награди ќе бидат вегански

Добивај вести на Viber

Холивудските ѕвезди, актери и манекенки на постоскаровските забави ќе ужинат храна од 100 отсто растително потекло, изјавија од Академијата за филмска уметност и наука. На Гувернерскиот бал, на 9 февруари, кој е официјална забава по доделувањето на најголемите филмски награди во Холивуд, ќе биде послужено мени кое е 70 отсто од растително потекло и 30 отсто вегетаријанско, месо и риба.

Пластичните шишиња ќе бидат елиминирани од сите настани сврзани со Оскарот, се вели во соопштението на Академијата за филмска уметност и наука.

Академијата, чии 8 илјади членови ги избираат добитиниците на Оскарите, се приклучуваат кон напорите да се сочува планетата Земја.

И менијата во сезоната на филмските награди беа зелени и на Златните глобуси и на наградите САГ откако ѕвездата на "Joker" Јоакин Феникс како веган, замоли да го послужат со ризото од печурки наместо вообичаените бифтек или риба. (Reuters)