Оскаровката стана мајка за прв пат на 48 години и доби близнаци: Ѝ пишуваа дека децата ќе ѝ останата сираци, но таа со една фотка кажа сѐ
Оскаровката Хилари Свонк (48) во 2022 година објави дека очекува близнаци во утринската програма „Добро утро Америка“, но добрата вест беше проследена со потсмевни и грди коментари. Актерката беше критикувана затоа што „на старост раѓа деца“ и дека „нејзините деца ќе останат сираци“, како и дека „нема да ја дочека нивната свадба“.
„Ова е нешто што го чекав долго време, ќе станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци“, рече Хилари Свонк и клипови од шоуто „Добро утро Америка“ ги поплавија мрежите со брзина на светлината.
Во неделата, оскаровката им честиташе на Велигден на своите следбеници и сподели фотографија со близнаците. Хилари роди момче и девојче.
„Не беше лесно. Но вредеа. Среќен Велигден. Објавувам фотографија од рајот“, напиша актерката со фотографија од бебињата. Актерката по објавувањето на фотографијата доби преку 1,5 милиони лајкови и честитки.
Меѓутоа, кога Хилари објави дека е бремена на Твитер, стотици луѓе напишаа дека е „премногу стара за да биде мајка“.
„Нели имаш како 50 години? Ќе имаш 70 кога децата ќе завршат факултет, нема да им ја видиш ни свадбата“, „Баба да биде мајка“, „Ова е толку неприродно“, „Законски да се забрани жени да се породуваат по 40 години“.
Ова е втор брак на актерката Хилари Свонк, а таа се омажи за Филип Шнајдер во 2018 година. Зад неа е бракот со Чад Лоу, со кого се омажи во 1997 година, а од кого се разведе во 2007 година, набргу откако го доби првиот Оскар.
Долго време се зборуваше дека Чад Лоу не може да издржи дека Хилари е поуспешна од него, како и тоа дека добила Оскар и дека навистина не ја добила заслужената поддршка, се покажа и за време на самата награда, бидејќи таа беше единствената што не му се заблагодари на својот сопруг.
Подоцна, извори блиски до актерската двојка тврдеа дека тој е среќен само кога таа е несреќна. Сепак, денес таа не ја симнува насмевката од лицето и делува позадоволно од кога било досега.
FOTO: Instagram