Ослабе 70 килограми и тренира шест пати на ден: Неверојатната приказна на Нина Мартина
Нина Мартина Корбар (26) од Хрватска ослабе 70 килограми учествувајќи во реалното шоу „Живот на вага“ , кое се емистува на ТВ РТЛ, пишува порталот 24 сата.хр.
Во својата најдебела фаза од животот имала 150 килограми, а сега преку социјалните мрежи им дава совети на другите како да ослабат.
„На ден внесувам околу 1700-1800 калории. Некогаш имам пет, а некогаш два оброка на ден. Зависи од тоа како ќе стасам, но се трудам да имам повеќе. На диета бев милион пати додека не сфатив дека диетите воопшто не функционираат освен ако за некој настан брзо треба да ослабеш 2-3 килограми. Промената на начинот на живот е клучна“, вели Нина.
Сега, таа тренира четири до шест пати на ден, а сѐ зависи од видот на тренингот.
Нина пред да се пријави на шоуто на кое не победи имала 150 килограми
„Искрено, секој тренинг е тежок кога ќе дадеш сѐ од себе. Оните тренинзи, кога од главата некогаш ги пробивам своите бариери или ги исфрлам негативните чувства од себе си се психички најтешки, но растеш со нив и се чувствуваш подобро по нив. Боксот ми е топ, кружните тренинзи ми се исто така одлични, единствено не сакам кога тренингот е здодевен и затоа тренерот секогаш ми дава динамични и предизвикувачки вежби. Ги правам од 45 минути до еден час, зависи од интензитетот“, открила Нина Мартина.
„Многу сакам јајца, моцарала и чери домати. Обожавам лазањи со тиквички место тесто, полнети тиквици, болоњезе сос со зелена салата, месо на сите начини, леќа, сѐ сакам. Пијте многу вода“, порачува Нина која вели дека ѝ жал што се одрекла од слатките, но тоа го гледа како јакнење на волјата.
Фото: Инстаграм