Ослободете се од реума, анемија и бубрежни болки: Овој моќен напиток го користеле нашите баби

Добивај вести на Viber

Листот од коприва ефикасно ги ублажува ревматските проблеми, бидејќи значително ја намалува болката при движење и при мирување, а богат е и со витамини

Се препишува за внатрешна употреба како диуретик, бидејќи може да го зголеми отстранувањето на натриумот и урична киселина и да ја ублажи состојбата на ревматизам и артритис.

Лабораториските тестови спроведени во Германија во 1999 година покажаа дека листовите од коприва имаат силно антиинфламаторно дејство. Копривата делува против дијареа и помага при хемороиди. Чајот се користи за плакнење на уринарниот тракт, за спречување на формирање на песок во бубрезите, за зголемување на количината на урина и за сите воспалителни процеси во телото.

Копривата исто така го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа се користи во многу мешавини на чаеви против дијабетес.

Чајот од коприва е добро средство за зајакнување, бидејќи го поттикнува апетитот, го снабдува организмот со железо и успешно делува против замор. Во надворешна употреба, копривата се користи за лекување на акни, егзема, мрсна кожа и првут. 


Подготовка на чај од коприва

Потребно ви е:

2 лажички листови од коприва

250 ml вода

Начин на подготовка:

Свежите или сувите листови од коприва прелијте ги со топла вода, оставете го покриено десетина минути и потоа процедете.

Консумација:

Пијте по една шолја секој ден за ревматски болки, замор, анемија и губење на апетит.


Фото: freepik

„Седум дена секое утро пиев вода со лимон и еве што ми се случи со лицето и телото“: Росо ги откри сите тајни