Особено е важен ако имате над 50: Недоволното внесување на овој минерал го зголемува ризикот од прерана смрт
За да го заштитите вашето тело од болести, особено треба да внимавате на исхраната и на внесувањето на неколку минерали. Според последното истражување, недоволното внесување на магнезиум во организмот, значително го зголемува ризикот од срцеви и од мозочни удари. Оваа супстанца игра важна улога во организмот.
Научниците откриле дека нарушеното здравје во поголем број случаи е последица на недоволното внесување на магнезиум во исхраната. Имунитетот ни е слаб и телото ни е склоно на многу заболувања.
Од друга страна, пак, правилниот режим на исхрана ни помага во одржувањето на доброто здравје и на долговечноста воопшто.
Основните принципи во исхраната за подолг животен век се следните:
- Исфрлете го преработениот шеќер, производите од бело брашно, но намалете го и внесувањето на мрснотии. Наместо тоа консиумирајте житарки и јаткасти плодови кои се богати со магнезиум.
- Задолжително внесувајте зелен зеленчук.
- Млечните производи е најдобро да ги сведете на минимум.
Исхрана со магнезиум е особено препорачлива за луѓето кои имаат над 50 години, особено за жените, препорачуваат експертите.