Останав жива само поради синот: Марина Туцаковиќ отворено за болеста

Авторката на најголемите хитови во регионот Марина Туцаковиќ, која на повеќе европски клиники  се лекува од канцер, ѝ се пожалила на пријателка дека и е многу тешко, но дека поради својот син се бори и не се предава.

Иако се чувствува лошо, таа не се откажува. Има само една цел-да го усреќи синот кој не би и простил ако се предаде. Иако едвај се движи и зборува, таа и се отворила на блиска пријателка и соработничка.

-Подобро би умрела , но морам да живеам поради синот. И онака со години мачно живеам. Тоа ми го кажа неодамна. И покрај се, јас толку многу и се восхитувам. Таков борец уште не сум сретнала. Храбро се носи со црната судбина, откако ѝ почина постариот син . Само таа разбира низ каква болка поминува веќе девет години.“, раскажала блиската пријателка за „Блиц“.