Осум комбинации на намирници со чија помош сигурно ќе ослабнете: Против вишок килограми
На сите ни е познато дека избалансираната исхрана помага да се спасиме од вишокот килограми и прави да се чувствуваме целосно подобро. Затоа, направивме список од неколку вкусни и корисни намирници, кои ќе ви помогнат токму сега да направите чекор во средбата со идеалната фигура.
1. Зеленчук и јајца
Јајцата ја олеснуваат апсорпцијата на каротен (овие пигменти му даваат боја на зеленчуокот) и во комбинација со свежо овошје обезбедуваат двојна корист, на оние кои се борат со вишок килограми.
2. Пилешко месо и пиперки
Пиперката одлично го топи вишокот килограми и му помага на телото да ја претвори храната во енергија. Во комбинација со пилешко кое е богато со белковини, се добива вкусно и здраво јадење.
3. Зрнеста храна и пченка
Последните истражувања покажаа дека со употреба на зрснест зеленчук може да симнете килограми. Од друга страна пченката содржи цврст скроб - сложен шеќер, добар за црева, имунитет и витка линија.
4. Зелен чај и лимонов сок
Зелениот чај содржи катехини, моќни антиокисданси. За корисните својства на лимонот знаат сите, но уште еден плус на цитрусното овошје е што може да го намали разложувањето на катехинот, правејќи да станат уште полесни за апсорпција.
5. Лосос и аспарагус
Лососот содржи корисни омега 3-масни киселини и шпарглата е богата со целулоза и белковини и притоа помага да се исфрли од организмот непотребната вода. Испечете го јадењето во рерна или подгответе го на пареа - така ќе биде вкусно и здраво.
6. Бадеми и грчки јогурт
Некои витамини (посебно А, Д, и Е) најдобро се усвојуваат кога се користат заедно со масти. На пример, бадемот е извор на калциум, антиоксиданси и витамин Е, а грчкиот јогурт содржи масти и е богат со витамин Д. Идеална комбинација!
7. Авокадо и спанаќ
И спанаќот и авокадото содржат огромна количина витамини и микроелементи, затоа салата од нив ќе ви донесе максимална корист на вашиот организам. Спанаќот е добар и во комбинација со маслиново масло, а авокадо со риба, пилешко и интегрален леб.
8. Туна и ѓумбир
Туната е богата со омега -3 киселини, а исто така и спречува таложење на масни наслаги во областа на стомакот. Ѓумбирот ја поправа работата на стомакот и спречува подуеност. Затоа не се лишувајте себе ниту од салата од туна, ни свежо подготвено суши. Но избегнувајте сос од соја, содржи многу сол.