Откажа турнеја за да му помогне во лечењето од зависноста: Љубовната приказна на Никол Кидман

Добивај вести на Viber

По 12 години колку што се во брак, познатата актерка Никол Кидман и нејзиниот сопруг, кантри пејачот Кит Урбан, не можат да ги тргнат рацете еден од друг. На речиси сите јавни настани, убавата актерка отворено покажува дека вториот сопруг е љубовта на нејзиниот живот.

Претходно, Кидман беше во брак со својот колега Том Круз, за кој се омажи кога имаше 23 години. Денес, таа вели дека била премлада за мажење, но во тоа време, таа многу научи и го го искуси мајчинството. Никол и Том посвоија две деца, Конор и Изабел. Се разведоа во 2001 година. Подоцна се дозна дека за разделбата е виновна опсесијата на Том со скиентологијата- учење за духот и за неговиот однос кон себеси, универзумите и другите живи форми. Токму по разводот, кариерата на Кидман тргна во нагорна линија. Во 2003 година доби Оскар, а призна дека без оглед на тој успех се чувствувала многу осамено.

„Во раката ја држев златната статуетка и никогаш не се чувствував поосамена“, изјави Никол. Четири години по разводот, на гала вечерта во Лос Анџелес организирана во чест на познатите од Австралија, Кидман се сретна со Кит. Дури во 2013 година откри дека уште од тогаш ја маѓепсал. Иако кантри пејачот тогаш личеше дека не е импресиониран од убавата актерка, подоцна призна дека таа негова резервираност била само глумење. 

„Бевме двајца осамени луѓе кои се запознаа во момент во кој можевме за сѐ да зборуваме и да си се отвориме еден на друг. Бевме по малку исплашени, но и храбри. Силно сакав да имам нов маж со кој ќе можам да го поделам својот живот, а уште повеќе сакав деца. Бев отворена за сѐ и подготвена на промени“, изјави актерката.

Четири месеци подоцна, клучен бил телефонски разговор со Кит. Тогаш ѝ рекол дека пред да ја викне да излеат треба да решат некои работи. Дека е вистинскиот, Никол знаела по неколку месеци.

„Ми беше роденден, а тој во пет наутро се појави со цвеќе во рацете во Њујорк.Тогаш си помислив: За овој маж ќе се омажам“. 

Но, почетокот на бракот не бил идеален. Само четири месеци подоцна, Кит се пријавил на рехабилитација за се излечи од алкохолизмот. Тоа му бил трет обид, откако веќе претстојувал во установи за одвикнување од кокаинот. Никол ја откажа прес турнејата за да биде со својот сакан. 

Никол и Кит со ќерките Сандеј Роуз и Феит Маргарет  

Она за што се договорија на почетокот на врската, го применуваат и денес. Кога се разделени, наместо да си пишуваат пораки, зборуваат по телефон. Кит ја покажа својата романтична страна пишувајќи ѝ љубовни писма на Никол кога се разделени. Се држат до правилото никогаш да не бидат одвоени повеќе од седум дена. 

Така во една прилика, Кит помина десет часа во авион за да стаса во Лондон,  да ја помине ноќта со својата сопруга и потоа да е врати во САД за да го одржи претходно договорениот концерт.

Никол и Кит имаат две ќерки, десетгодишната Сандеј Роуз, а две години по раѓањето на Роуз, сурогат мајка им ја роди Феит Маргарет.